Шест типови на мажи кои ќе ви помогнат да ја најдете љубовта на својот живот

38

За да сфатите кој е вистински маж  за секоја жена, мора да се запознаат и неколку типови на мажи за да се одлучат што им се допаѓа, што не им се допаѓа и да откријат кое однесување не можат да го толерираат, а што веднаш ќе им го привлече вниманието.

Откако ќе ги запознаете овие типови на мажи ќе ви биде полесно да се одлучите кој е вистинскиот:

  1. Уметничка душа, фантазер кој обожува да биде во свој свет

Поетска душа кој на уво ќе ви рецитира љубовни стихови додека ве гледа со вљубен поглед. Чувствителен лик со кој не смеете да бидете премногу груби. Овој тип на маж може да остане вечен сонувач, идеалист што во некои потешки животни предизвици кога мора да бидете со двете нозе цврсто на земја, и тоа како може да ве нервира.

  1. Забавувач, душа на забавата, кој сака да биде во центар на внимание

Неговиот дух и ентузијазам се заразни. Неговата енергија ја исполнува просторијата и сите мора да го забележат. Вашите пријатели го обожуваат и со него нема здодевнии моменти. Ова е тип на маж кој тешко ќе го убедите дека мирна ноќ дома е исто така добра опција за заедничко дружење.

  1. Зависник од адреналин со кој ќе пробате и нешто што никогаш не сте се осудиле ни да помислите

Овој маж ќе ве убеди да пробате нешта кои никогаш не сте се осудиле да ги пробате, да искусите екстремен спорт кој сте го гледале само на телевизија. Еуфоричен, лојален на здравиот живот зависник од адреналин. Позитивен, но сепак можеби премногу разигран.

  1. Помлад маж кој ќе го импресионирате и кој ќе ви се воодушевува

Ќе биде импресиониран и ќе ви симнува ѕвезди од небото. Ќе ви открие некои нови фори кои само младата генерација ги знае. Флексибилни се, неоптоварени со деловен успех, водат активен друштвен живот, но со него поради неговите неискуства ќе имате помалку теми за разговор.

  1. Постар маж кој ќе ве чува како капка вода на дланка, но ретко се откажува од својот комфор

Внимателен, грижлив маж кој ќе направи се да се чувствувате како принцеза. Без проблем, како вистински џентлмен ќе ви го измасира грбот, ќе ве однесе на вечера или уште подобро ќе ја подготви во својот стан. Но со него мора да бидете подготвени на компромиси бидејќи постарите мажи обично имаат веќе навикнат ритам, навики и стил на живот од кој тешко се откажуваат или го прилагодуваат кон другите.

  1. Заводник кој ќе ве третира како кралица, додека не го изгуби интересот

Шармантен, импулсивен, полн со комплименти играч кој ќе ви ја разбуди страста, но кој ретко се врзува. Покрај него, додека сте заедно ќе се чувствувате како најпосебна жена на светот но неговата страст и интерес брзо можат да бидат насочени кон друга.

Н О В О !!!

Бидете и вие дел од фамилијата на my World

Регистрирајте се! https://cbw.to/4d9crg

Повеќе за Cashback на следниов линк: Cashback world | Cashback – Враќање пари при секое купување

Најбараната Cashback Card во Македонија можете да ја добиете БЕСПЛАТНО ако се регистрирате преку нашиот сајт www.kukuriku.com.mk