Повеќето од вас се добро образовани за сексуалниот однос, но се уште настануваат заблуди и митови во врска со заштитните средства, кои можат да доведат до несакана бременост или болести кои се пренесуваат по полов пат.
Еве и кои се најчестите митови за кондомите
1. Мора да имате 18 години, а да може да купите кондоми.
Апсолутно неточно! Во повеќето прехрамбени синџири и големи продавници и повеќе млади тинејџери можат непречено да си купат кондоми. Во некои клиники и ординации за сексуално здравје пак тие се нудат потполно бесплатно.
2. Нема потреба да користите кондом при орален или анален секс.
Напротив! И без кондом нема да забремените при овие активности, но пак има шанса да се фати некоја болест, габи или бактерии.
3. Кондомите немаат рок на траење.
Грешка! Како и секој производ и тие имаат рок на траење кој задолжително е означен на пакувањето. Ако користите производ со истечен рок на траење, квалитетот на кондомот нема да е на ниво и тој може да се скине.
4. Кондомите се непријатни и ја намалуваат чувствителноста за време на чинот.
Истражувања покажуваат дека тоа не е точно. Паровите може да го искусат апсолутно истото задоволство за време на секс со кондом, какво што доживуваат и без. А и доста понепријатно би било да правите абортус или да се лекувате од некоја сексуално пренослива болести.
Забелешка: Преземањето на оваа содржина е дозволено само ако го наведете изворот со задолжително линкување на нашиот домен и оригиналната статија!
Доколку сакате да прочитате повеќе содржини како оваа, препорачуваме да го посетите нашиот портал www.kukuriku.com.mk, а со лајк на нашата фан страна станувате дел нашето многубројно членство facebook.com/Kukuriku.mk/.
Продолжува на страна 2



















