Заблуди и митови за заштитните средства

1216

5. Два кондома се побезбедни од еден!

Користењето на еден кондом е сосема доволно. Ако ставете два има голема веројатност тоа да ја намали нивната ефикасност и при контактот на латекс материјалите тие да загубат еластичност или да се скинат.

6. Може да користите било каков лубрикант со кондоми.

Повеќето кондоми имаат сопствено подмачкување за максимална удобност и задоволство, но ако се потребни дополнителни изберете лубриканти базирани на водна или силиконска основа. Оние кои имаат масти го јадат материјалот на кондомот и ја намалуваат неговата отпорност и заштитна функција, па дури и може да доведат до кинење.

7. Кондомите можат да бидат поставени по средината на актот или непосредно пред ејакулацијата.

Не само што ова е непријатно, но и нема да ве заштити од различни болести. Пред-ејакулација, која е во форма на неколку посветли од спермата капки течност исто така може да пренесе зарази, а во некои случаи дури и да содржи сперматозоиди, кои доведуваат до несакана бременост.

8. Може да ги чувате кондомите насекаде.

Не ги чувајте на места со високи или премногу ниски температури, како и во тесни простори (дури ни џебови). Постојаното триење во друга површина дури и во пакувањето може да го оштети слојот и да пукнат при употреба. Несоодветните температури доведуваат до истото.

9. Алергија на латекс е веродостоен изговор да не користите кондоми.

На пазарот веќе се продаваат кондоми кои не содржат латекс.

Забелешка: Преземањето на оваа содржина е дозволено само ако го наведете изворот со задолжително линкување на нашиот домен и оригиналната статија!

Доколку сакате да прочитате повеќе содржини како оваа, препорачуваме да го посетите нашиот портал www.kukuriku.com.mk, а со лајк на нашата фан страна станувате дел нашето многубројно членство facebook.com/Kukuriku.mk/.