Во летните горештини, ги затвораме ролетните, пуштаме клима, се разладуваме со освежителни пијалаци, но забораваме дека можеби и на милениците им е топло.
За да ги заштитиме милениците од големите горештини, важно е најпрво да ги препознаваме симптомите за непријатност кои тие ги покажуваат, па потоа да им ја пружиме негата која им е потребна.
Кај кучињата и мачките, најчест симптом е гласното дишење со отворена уста и исплазен јазик, дури и кога лежат. Уште еден знак дека им е топло е потењето на перничињата на шепите. Додатни знаци можат да бидат недостаток на апетит и збунетост.
За време на горештините, тие не смеат да бидат изложени на напорни физички активности, бидејќи тоа може да допринесе за прегревање на нивниот организам. Во случај да ги приметите овие симптоми, најубаво ќе биде да го однесете вашиот миленик на ветеринар, каде што ќе му пружат соодветна нега.
Вашето куче шетајте го раните утрински часови и доцните вечерни кога температурите надвор се неподносливи. Освен топлиот воздух и испарувањето од асфалтот, за миленикот непријатно и болно е и шетањето по жешкиот бетон. Доколку вие се разладувате, разладете ги и нив, нека седат во ладна просторија, а по потреба можете и да ги истуширате.
Доколку ги чувате вашите миленици надвор, треба да внимавате во текот на денот да имаат сенка, како и секогаш да им менувате свежа вода и да имаат проток на свеж воздух. На овој начин ќе го заштитите вашето милениче од топлотен удар.
Никогаш немојте да го оставате вашиот миленик во автомобилот само, на сонце или во сенка, во текот на летните денови, тој потег може да доведе до смрт.
Забелешка: Преземањето на оваа содржина е дозволено само ако го наведете изворот со задолжително линкување на нашиот домен и оригиналната статија!
Доколку сакате да прочитате повеќе содржини како оваа, препорачуваме да го посетите нашиот портал www.kukuriku.com.mk, а со лајк на нашата фан страна станувате дел нашето многубројно членство facebook.com/Kukuriku.mk/.