Страсна спонтаност – обично ја следиме оваа идеја во сексуалниот живот.
Веројатно затоа и многу луѓе мислат дека половите односи според планот се знак за распаѓање на врската, или во најмала рака, дека работите во кревет не одат правилно.
Најголемата разлика меѓу “жешките” и “истрошените” интимни односи е сексот – колку често го правите и, можеби уште поважно, дали личи на “сакам да ти ја раскинам облеката” или како “следниот чекор по планираниот секс е да се разведеме“.
Проблемот со закажан секс сепак е носрмално во нашите глави, во самиот однос кон него.
“Постојано се изненаденуваме колку многу луѓе се противат на планираната интимност. Сеуште се мисли дека е убаво само кога е спонтано”, вели американскиот брачен консултант Анита Члипала.
“Постојано ги потсетувам паровите за времето кога почнаа да излегуваат заедно. Тогаш тие ги планирале средбите. Дури и да не се виделе неколку дена, и двајцата очекувале, или се надеваат да имаат интимно искуство. И ако тогаш било добро, тогаш зошто сега не им изгледа на ист начин?”
Повеќето луѓе имаат секс, бидејќи го сакаат, но понекогаш за интимните односи само треба некаков договор. А ако распоредот ви е доста пренатрупан, изготвување на план и положувањето на напори за негово почитување излегува најдобро решение.
Забелешка: Преземањето на оваа содржина е дозволено само ако го наведете изворот со задолжително линкување на нашиот домен и оригиналната статија!
Доколку сакате да прочитате повеќе содржини како оваа, препорачуваме да го посетите нашиот портал www.kukuriku.com.mk, а со лајк на нашата фан страна станувате дел нашето многубројно членство facebook.com/Kukuriku.mk/.
Продолжува на страна 2



















