Работата на министерката за туризам во земјата која јавно се фали за убиства на криминалците без судење не е лесна.
Wanda Corazon Teo е на таа функција и не и помагаат ниту преубавите планински предели на Филипините, тропските острови и фасцинантната култура и историјата на земјата.
Во разговор со новинарите во текот на турнеите по соседните земји заедно со контраверзниот филипински претседател Родриго Дутертем, Wanda Teo рече дека единствени прашања кои ги добива од странските медиуми се оние за „војната против дрогата“ и убиствата.
– Вие мора да ни помогнете. Многу ми е тешко да „продавам“ во Филипините, особено кога убиствата се главна тема. Медиуми, ве молам, малку намалете го пишувањето за тие убиства, рече таа.
Како што рече туроператорите во Европа и Азија секогаш ја прашуваат за теми кои немаат никаква поврзаност со туризмот, па и е „многу тешко да привлече туристи“.