Маска против акни со куркума и банана

1768

Акните се проблем, за кој многу тешко се наоѓа решение. Во повеќето случаи акните не си заминуваат со лекувањето. Се наметнуваат различни скапи процедури кои не се во можностите на секој.

Но, има една состојка која е исклучително ефикасна за страдалниците од акни на кожата и тоа е куркумата.

Зошто?

Бидејќи куркумата има моќни антиинфламаторни и смирувачки својства . Таа го намалува количеството бактерии кои предизвикуваат гнојни нарушувања, а истовремено со тоа ги смирува симптомите на акни – црвенило, чешање, оток на погодените зони и пигментацијата на кожата.

Куркумата делува како благ и нежен пилинг, ја полни кожата со огромно количество антиоксиданси. Тоа го балансира тенот и инхибира секрецијата на себум. Така се отстранува и непријатниот вишок, во потешки случаи се создава впечаток за испотена кожа.

Маската со куркума е особено погодна за акнетична кожа, бидејќи брзо се апсорбира, чисти во длабочина кожата, го намалува воспалението и ги стеснува порите.

Рецепт за маска со куркума:

  • Врв на лажицата на куркума, ситно истолчена
  • 1 лажица пире од банана, добро зрела

Промешајте ги двете состојки многу добро. Нанесете врз исчистена кожа за околу 10 минути. Потоа исплакнете со топла вода и исушете со мека чиста крпа без да допирате.

Високата содржина на антиоксиданти во куркума ќе го намали воспалението во кожата. Бананите пак ќе ве исполнат со корисни количества цинк, калиум и рутин , кои се особено важни за здравјето на кожата.

Применувајте ја маската секој ден.