Готед Ифрем Лезинг во средината на втората половина од 18 век напишал дело “Натан Мудриот”, кој црквата го забранила.
Зошто? Поради тоа што ги промовирал пријателството, толеранцијата, релативноста на Бог и отфрлањето на чудата, а ја истакнал потребата за подобра комуникација помеѓу различните религии.
Готед Ифрем Лезинг (1729-1781) бил германски писател, филозоф, пиблицист и уметнички критичар и еден од најзначајните претставници на просветителството. Тој се смета за прв драмски автор во историјата, а денес накратко ќе се позанимаваме со неговото дело “Натан Мудриот” кое го издал две години пред да умре.
“Натан Мудриот” е жестока литературна молба и повик на верска толеранција, а парадоксално е тоа што за време на неговиот живот била забранета од страна на црковните власти; прв пат била изведена во 1783 година во Берлин. 1922 година бил снимен и нем филм по него.
Дејствието било поставено во Ерусалим за време на Третата крстоносна војна и опишува како еден мудар еврејски трговец Натан, просветлен муслимански султан Саладин и првично анонимен христијански витез темплар, ги надминуваат разликите меѓу јудаизмот, исламот и христијанството. Ликот на Натан се базира на Лесинговиот долгогодишенпријател Мојсеј Менделсон кој со Саладин за прв пат се запознава во текот на партија шах.
Во поопшта смисла, се работи за дело кое ги промовира пријателството, толеранцијата, релативноста на Бог, ги одбива чудата, а ја нагласува потребата од подобрување на комуникацијата помеѓу различните вери.
Централниот дел на “Натан Мудриот” е т.н. Парабола за прстенот која ќе ја прераскажеме, а која започнува кога Саладин го прашува Натан која религија е вистинската, по што Натан почнува да зборува.
Од колено на колено, од татко на син, раскажува Натан, се пренесува магичен прстен, кој му овозможува на оној кој го носи, да стане омилен во очите на Бога и луѓето. Кога дојде во посед на татко му, кој имал три сина кои подеднакво ги сакал, тој им го ветил на секој од нив.
Сакајќи да го исполни ветувањето, направил две реплики кои не можеле да се разликуваат од оригиналот и на својата смртна постела дал по еден прстен на секој син.
Браќата потоа почнале да се расправаат околу тоа кој е во сопственост на вистинскиот прстен, па побарале помош на неутрален и мудар судија кој им укажал на тоа дека е невозможно да се одговори на тоа прашање.
Постои дури и можност, им рече тој, дека сите три прстени се реплика, а дека оригиналот е загубен во одреден момент во минатото и дека единствено само тие можат да утврдат дали некој од нив го има вистинскиот прстен: со други зборови, би требало со начинот на својот живот да ја докажат вистинитоста на нивниот прстен, да живеат богопријатно и пријатно со другите луѓе, наместо да очекуваат прстенот да направи чудо.
Потоа Натан ова го споредува со религијата, тврдејќи дека секој од нив живее во хармонија со верата која ја научил од оние кои ги сакал.
Со други зборови, Лезинг сакал да каже дека сите три религии веројатно се вистинити и дека првобитното верување е изгубено и дека сега се наоѓа во сите три религии: јудаизмот, христијанството и во исламот.
Што мислите вие? Дали е ова претерано банализирање? Или ова е вистина?
(Telegraf.rs)
Забелешка: Преземањето на оваа содржина е дозволено само ако го наведете изворот со задолжително линкување на нашиот домен и оригиналната статија!
Доколку сакате да прочитате повеќе содржини како оваа, препорачуваме да го посетите нашиот портал www.kukuriku.com.mk, а со лајк на нашата фан страна станувате дел нашето многубројно членство facebook.com/Kukuriku.mk/.



















