Штетно по здравјето | Еве што ќе ви се случи ако не водите љубов!

898

На нашиот интимен живот влијаат многу нешта. Распадот на врската, деловните обврски и патувањата, се само некои од причините зошто интимниот живот може да страда.

Последиците по вашето здравје, ментално и психичк, во тој случај, не се добри.

Подолу се седум работи кои би можеле да ви се случат ако престанете да водите љубов, пишува Yahoo.

Ќе се чувствувате вознемирени

Водење љубов нѝ помага да се “ослободиме”, а истражувањата покажуваат дека луѓето кои немаат редовни односи имаат проблеми кога ќе се најдат во стресни ситуации.

На мажите им се заканува рак на простата

Ако престанат да водат љубов, кај мажите се зголемува ризикот од рак на простата, покажуваат истражувањата. Всушност со честата ејакулација мажите од телото исфрлаат потенцијално опасни материи.

Полесно ќе добиете грип и ќе настинете

Недостатокот на секс ја намалува изложеноста на бактерии (да, ние сме изложени на бактерии за време на секс), а тоа ќе доведе до слабеење на имунитетот. Заборавете на мед и лимон и фрлете се на акција под чаршафите додека не е предоцна.

Помал е ризикот од инфекции на уринарниот тракт

Ова е, всушност, единствената добра работа. Околу 80 проценти од инфекции на уринарниот тракт се случуваат во рок од 24 часа по љубовната страст, затоа што за време на сексот бактериите од вагината завршуваат во ретра, каде се предизвикуваат инфекциите.

Вашите односи со другите се на стаклени нозе

Недостатокот на односи може да влијае на вашето чувство на среќа, блискост и безбедност во врските, велат експертите.

Еректилната дисфункција е растечки проблем

Мажите кои немаат секс редовно ризикуваат проблеми со еректилна дисфункција, додека кај оние кои редовно се впуштаат во сексуални односи таа опасност двојно е пониска.

Вие би можеле да се чувствувате уште полошо

Жените ќе се чувствуваат подепресивно и ќе имаат полошо мислење за себе и за своето тело. Меѓутоа, не само тие. Научниците тврдат дека така можат да се чувствуваат и жените кои имаат однос, но со кондом. Во спермата се снаоѓаат состојки како мелатонин, серотонин и окситоцин, одговорни за чувството на среќа и на задоволство.