Авторот на NTC системот за учење, д-р Ранко Рајовиќ објасни кои игри се добри за развојот на детската интелигенција, кога родителите прават грешки и како тоа лесно можат да го корегираат.
Развој
Интелигенцијата не е предизвикана само од генетиката, туку, исто така, зависи и од бројот на синапсите, односно врските меѓу невроните. До петтата година од животот се создаваат дури 50 % од синапсите, а до седмата година дури 75 %! Затоа е многу важна раната стимулација објаснува др. Ранко Рајовиќ. Авторот на NTC системот за учење, специјализиран за децата, родителите и наставниците кои им помагаат на децата да го достигнат својот целосен потенцијал, одржа предавања во Загреб, каде што уште еднаш ја истакна важноста на играњето и најраната стимулација. Скокоткање, пеење, масажа – сето тоа придонесува за развојот на детето.
Родителите се однесуваат премногу заштитнички
Како главен проблем се наведува дека родителите денес се поставуваат претерано заштитнички. “Главниот дел за движењето се стапалата, а децата сѐ помалку одат, а камоли боси како некогаш. Во Хрватска, пред 20 години околу 10-15% од децата имале рамни стапала, а денес ги има 70%”, вели д-р Рајовиќ, додавајќи дека децата често ги возат во количка до третата или четвртата година, бидејќи на родителите така им е полесно. “Луѓето се создадени за движење и тогаш мозокот најдобро се развива.
Моторичкиот и когнитивниот развој се целина, и ако ние не им дозволуваме на децата да се движат и да паѓаат, не можеме да очекуваме дека мозокот ќе се развива правилно. Работата на детето е да ги развива синапсите, а нашата работа е да ги доведеме до тоа “, вели д-р. Рајовиќ.
Примери на добри игри се гуми-гуми и пикулање. Тогаш, прават сè, од движење до размислување. Доктор Рајовиќ нагласува дека родителите сами треба да проценат кои игри се добри, според едноставното правило. Играта мора да вклучува ротација, рамнотежа, фина моторичка вештина, говор и динамична акомодација (објект брзо доаѓа и заминува од окото, на пример, фрлање на топката) и мисловни процеси.
Направете домашен “полигон” за игра
Една од најдобрите игри за развивање логичко-математичката интелигенција е собирање сликички. Детето учи за предметите од сликата, брои колку му недостасува, ја учи вредноста при менување на дупликатите. Школица е, исто така добра, а станува совршена ако му ја зададете на детето да наведе држава или животно секој пат кога ќе скокне. Д-р Рајовиќ даде и пример на игра која секој може да ја игра дома со децата, а одлична е за нивниот развој – и забава.
“Земете селотејп и облепете го преку дневната соба. Секој пат кога ќе дојдете до него, одете нога зад нога. Наречете ја “магична лента”, по која само родителите можат да одат. Така ќе го добиете нивното внимание. Дозволете им да пробаат. Вториот ден залепете и круг. Кога ќе застанете во кругот, мора да направите три вртења. Третиот ден ставете коцка која бара 10 чучњеви. За време на викендите тргнете ги за да не им здосади и постепено воведувајте нови задачи во “домашниот полигон”, советува д-р Рајовиќ.
Гледањето телевизија не го стимулира мозокот
Ако детето поминува многу време во седење или лежење пред телевизор или компјутер, не зборува, мозокот не добива стимулација. Кога игра максимално е концентрирано и се формираат нови синапси.
Д-р Ранко Рајовиќ
Подготви педагог Виолета Крстевска Васиќ
Сторете и Вие нешто убаво за вас – Cashback
Регистрирајте се! https://cbw.to/4d9crg
Повеќе за Cashback на следниов линк: Cashback world | Cashback – Враќање пари при секое купување