Во Кина се откриени антички камени цртежи

1274

Кинески археолози откриле повеќе од 1800 античките камени цртежи во североисточната провинција Хејлунцзјан, соопшти агенцијата Ксинхуа.

Цртежите се изработени од примитивни ловци, кои ја населувале планината Дахинган пред илјадници години, рече Чан Веи, директор на локалниот Институт за културни реликвии и археологија.

Цртежите се расфрлани по 31 објекти на површина над 167 000 квадратни километри. Тие се на луѓе и животни.

Луѓето се нацртани индивидуално или во групи, некои се со украси од пердуви во косата. Меѓу животните има волци, кучиња, коњи, свињи, елени, тигри, птици, како и свиткано суштество со четири рогови, што според стручњаците може да е змеј.

Археолозите сметаат дека античките луѓе се насликани со голи раце, а користеле мешани пигменти, кога било топло.

Пронајдените цртежи ќе помогнат за проучување на животот на раните луѓе.