Диететските пијалаци за време на бременоста ги дебелеат бебињата

1305

Бремените жени кои пијат диететски пијалоци со вештачки засладувачи, раѓаат бебиња, склони кон дебелеење. Тоа го открија научниците од детската болница во Винипег, Канада, пишува Ројтерс.

Истражувањето опфаќа 3.000 мајки и нивните бебиња.

Кај околу 5% од мајките кои изјавиле дека консумираат редовно диететски пијалаци, се утврдило дека нивните деца со наполнета 1 година, се со прекумерна тежина. Дефиницијата користена за прекумерна тежина е бебето да тежи повеќе од 97% од своите врсници.

Децата на останатите мајки кои пиеле диетални пијалоци, се два пати повеќе склони кон дебелеење подоцна.

Меган Азад, автор на студијата, е категорична дека истражувањето покажува дека вештачките засладувачи помагаат за дебелеење. Тие водат и до дијабетес.

Научниците алармираат уште дека вештачките засладувачи можат да се предадат на бебето и преку доењето.