Пилинг со бадемово масло

1427

Зголемувањето на температурите го покренува и нашето расположение. Веќе е можно да направите промена на вашата гардероба и да ги замениме дебелите џемпери и долги панталони со феерични блузи, фустани и здолништа.

Сето ова го ослободува не само духот, но и нашето тело. Останува прашањето колку сме подготвени да покажеме малку повеќе кожа?

Промената на годишните времиња бара и промена на козметичкиот режим, а како што веќе знаеме, сето тоа започнува со добро исчистена кожа.

Пилингот е одличен производ кој ќе ни помогне да се разделиме со горниот слој на мртвите клетки и да се добиеме со неспоредлива мекост.

Бидејќи пред сè ги цениме квалитетите на природните масла за хидрирање, претставуваме еден рецепт за домашен пилинг со бадемово масло.

Ќе ви бидат потребни:

  • 1 чаша шеќер
  • ½ чаша бадемово масло
  • 2 лажици мед
  • 1 лажичка екстракт од ванила за дополнителен мирис

Начин на приготвување:

Измешајте ги добро сите состојки и втријте ги во кожата, откако сте измиле добро со гел за туширање или друг производ за чистење. Количината ќе ви биде доволна за целото тело – од рацете, до нозете и дури и петите. Фокусирајте се повеќе на посувите подрачја.

Преземањето на оваа содржина е дозволено само ако го наведете изворот со задолжително линкување на нашиот домен и оригиналната статија!

Доколку сакате да прочитате повеќе содржини како оваа, препорачуваме да го посетите нашиот портал www.kukuriku.com.mk, а со лајк на нашата фан страна станувате дел нашето многубројно членство facebook.com/Kukuriku.mk/.