Соборен рекорд на Instagram | Една објава добила најголем број лајкови во историјата

151

Досега рекордот по број на лајкови го држеше фотографија објавена на профилот @world_record_egg, но сега имаме нов рекордер.

Откако го освои Светското првенство со Аргентина и по едно од највозбудливите финалиња во историјата, во кое ја совлада Франција, Лео Меси сега го симна и Instagram. Откако конечно стана светски шампион, Меси на таа социјална мрежа објави неколку фотографии од прославата и таа објава брзо почна да собира милиони лајкови кај фудбалските фанови ширум светот.

Со оваа објава Меси го сруши рекордот на Instagram бидејќи собрал најмногу лајкови досега (повеќе од 70 милиони), а јасно е дека оваа бројка ќе продолжи да расте. Покрај оваа објава, голем број лајкови собра и објавата на Меси во која тој спие во кревет гушкајќи го трофејот, а повеќе од 49 милиони луѓе му дадоа палци.

Она што е интересно е објавата која досега го држеше рекордот за најголем број лајкови на Instagram и чиј рекорд го собори Меси. Тоа е фотографија на обично јајце. Како што потсетуваат Би-Би-Си, оваа објава била дадена како своевиден протест против познатите личности кои објавуваат на Instagram, а кога била објавена целта била да ја урне најпопуларната објава дотогаш, фотографијата на Кајли Џенер, која објавила на Instagram дека чека дете и на тој начин собрала 18 милиони лајкови.

Фотографијата од јајцето е објавена од профилот @world_record_egg и првично се мислело дека е маркетиншки трик на голема компанија која купувала следбеници, но подоцна заслугата за тој профил ја презел британски експерт за маркетинг кој заедно со уште двајца колеги, го направил профилот само со цел да добие што повеќе лајкови, во што и успеал.