Сувите временски услови, вклучувајќи ги и оние предизвикани од греалки, можат да создадат хаос во косата и да доведат до статички електрицитет.
Да, всушност овој “пропратен ефект” може да ви ја уништи фризурата и да ве натера да се чувствувате како дел од хемискиот експеримент.
Не паничете ако прамените престанат да ја почитуваат гравитацијата – имаме неколку решенија за овој проблем, кои ќе ја вратат нормалната состојба на фризурата.
1. Влажно-сув воздух
Понекогаш недостатокот на влага е главната причина за електризирање на косата. Овој проблем може да се реши многу лесно – купете си навлажнувач за воздух или едноставно ставете влажна крпа на радијатор.
2. Составот на гардеробата
Создадените ткаенини од човекот предизвикуваат повеќе статички електрицитет отколку природните. Стремете се облеката да биде од памук, лен, свила, волна или други слични.
3. Козметика
Избирајте ги козметичките производи паметно. Ако мислите дека балсамот за коса на најдобрата пријателка е погоден и за вас, бидејќи ви се допаѓа како мириса – размислете повторно. Селектирајте сè што користите, според индивидуалните потреби.
4. Спреј
Испрскајте ја четката со која се чешлате, со лак за коса и потоа поминете со него низ влажна коса. Потоа исушете со фен, стилизирајте, напрскајте ја четката повторно и повторно поминете преку целата коса. На овој начин нема да мораш да се справувате повторно со електрицитет.
Забелешка: Преземањето на оваа содржина е дозволено само ако го наведете изворот со задолжително линкување на нашиот домен и оригиналната статија!
Доколку сакате да прочитате повеќе содржини како оваа, препорачуваме да го посетите нашиот портал www.kukuriku.com.mk, а со лајк на нашата фан страна станувате дел нашето многубројно членство facebook.com/Kukuriku.mk/.



















