Еве зошто децата во Холандија се посреќни од останатите деца во Европа

101

На секое дете детството треба да му биде безгрижно, среќно и исполнето со убави моменти.

Во нивното растење среќата треба да биде приоритет. Среќното детство е неопходно за правилен раст и развој. Но, за жал не можат сите деца да го искусат ова. Токму затоа и можеме многу да научиме од Холандија!

Во светската база на листата за среќа од 2019-та година водат 4 скандинавски земји и одма зад нив е Холандија. Децата како важен дел од општеството чувствуваат поголема слобода и генерално се посреќни од нивните врсници во остатокот од Европа.

Холанѓаните и Данците се најмногу смирени во Европа и повеќе се фокусираат на развивање автономија отколку на послушност и тоа е добро за општеството. Децата се послободни, можат да прават што сакаат и така да откријат што навистина им се допаѓа, додека истовремено ги развиваат и нивните социјални вештини.

Во Холандија не постои фраза која буквално значи „ти си добро момче“ или „добро девојче“. Наместо тоа се вели: „браво“, „благодарам“ или „добро сработено“. Што се однесува до излегувањата, никој не се враќа во 3 часот наутро, но сепак остануваат до доцна. Децата таму имаат доволно слобода и тоа е многу важно.

Постојат податоци кои покажуваат дека трендот на консумирање алкохол и дрога со годините опаднал кај децата помеѓу 12 и 16 години. Уште една важна работа е што врсничкото насилство не е изразено.

Интересен податок е дека и сексуалната едукација во оваа земја почнува од 4-та година, а стапката на тинејџерска бременост е најниска во Европа. Плакатите во училиштето ги охрабруваат младите од сите сексуални определби отворено да зборуваат за тоа.

Изгледа дека заедничкото ангажирање на родителите и системот во Холандија дало одлични резултати. Тие дома имаат опкружување што им е голема поддршка, а истото е и со пријателите на училиште. Холандските родители даваат голема поддршка, а по контролирање се некаде на средина.