Крвна група А – Вегетаријанство им е “во крвта”

381

Кога поранешните ловци и номади почнале да се занимаваат со земјоделство, со припитомување и одгледување на домашни животни, од енергичната, хиперактивната и динамичната крвна група “0” настанала крвна група “А”, адаптирана на земјоделски активности на луѓето и помирен начин на живот во заедниците.

Се одликувале со единство, соработка меѓу членовите и со поделба на улогите во заедницата, заради што носителите на овие крвни групи социјално се почувствителни, а утврдено е и дека, во споредба со лицата од група “0”, полесно се борат против заразните болести кои ги напаѓаат поголемите заедници, како што се тифусот, чумата или колерата. Било неопходно да се развијат социјалните квалитети како што се емпатијата, фокусот на други, соработката и тимската работа, а под рака со ова и мудроста, комуникациските вештини и усогласувањата на ставовите и самоконтролата, неопходно потребни за зачувување на добрите односи со другите.

Од оваа причина, лицата од крвна група А се посмирени, поинтровертни, воздржани, добри слушатели, но, исто така, и перфекционисти склони на анксиозност. За разлика од предаторите, тие не се толку агресивни и експлозивни, но потолерантни се и затоа полесно престануваат да се лутат. Ментално и метаболички се побавни, и пониски по физичкиот раст на нивните предци, имаат пократки раце и прсти, торзото им е подолго од нозете, рамената потесни од колковите, додека жените имаат истакнати гради.

Забавен метаболизам

Групата “А” има помалку од некопи ензими за варење, а со тоа, е забавен метаболизмот и полоша им е заштитата на ситемот за варење. А пак поради помало количество на желудечна киселина заради растителната исхрана, не можат лесно да го варат месото, ниту млекото и млечните производи. Дополнително, заситените масти од млечните производи го зголемуваат ризикот од дебелина, дијабетес, кардиоваскуларни болести (крвта им е погуста, а факторот на коагулација на крвта повисок) и рак. Силно реагираат на стрес кој го зголемува нивото на кортизолот во крвта, што може да резултира со нарушување и лачење на инсулин, намалување на мускулното ткиво (бидејќи кортизолот го раствора), проблеми со притисокот. Во основа се вегетаријанци, а протеинската исхрана им е базирана на риба, јајца, пилешко, мисирка и јагнешко месо, па поради недостаток на црвеното месо во исхраната почесто имаат недостаток на витамин Б – 12, односно склони се на анемија.

Крвна група Б – млеко ДA, глутен НЕ

Крвна група AB на риба и зеленчук

Крвна група 0 – некогаш ловци, денес месојади

Продолжува на страна 2