Крвна група АБ е најмлада (потекнува од Азија 600 години пред Христа), единствена е формирана со комбинација на две крвни групи – А и Б, за разлика од другите, кои настанале како резултат на промените во животното опкружување и животните околности, а и најретка е во популацијата: во светот просечната застапеност е 5%, додека во Индија е најзастапена (со околу 10% од населението).
Како што е настаната во време кога условите за живот на Земјата биле слични на денешните, и затоа изискувале сложен биохемиски состав на човечкото тело, оваа група е најсложена и најприлагодена на условите на современиот живот. Нејзината специфичност е во тоа што нема антигени на другите крвни групи, поради што е универзален примател на крв.
Носителите на АБ крвната група се карактеризираат со бројни и сè уште пожелни карактеристики во современото општество. Луѓето се мирољубиви и не се склони кон конфликти и гнев, многу се емотивни, интуитивни, добронамерни, но и прилично дистанцирани и пасивни. Вешто во себе ги комбинираат разликите, поради што тие се емпатични и прилагодливи; внимателни се и склони се кон учењето, читањето, сликарството и уметноста па оттаму произлегува да истакнати професори, свештеници и уметници најчесто се со крвна група АБ.
Склони се кон зависности
Тие се интуитивни, продуховени луѓе кои гледаат кон иднината, заради што често гледаат чекор понапред од другите, кршејќи ги стереотипите и општествените граници. Не се со натпреварувачки дух и не можат да издржат притисоци, се дистанцираат од бизнис и општествената сцена, а во друштво се повлечени и тивки.
Како што се склони кон размислувања и анализи, она во што знаат и да претераат, за заштита на менталното и физичкото здравје им се важни техниките на дишење, особено преку носот, како и комбинираното вежбање јога со помалку тешки физички активности, како што се лесен џогинг или танцување. Оваа крвна група е повеќе склона кон медитација и теоретизирање отколку кон физичката активност. Ја карактеризира недостаток на допамин, повисоко ниво на хормони и силна реакција на стрес (како и крвната група Б), а поради ниското ниво на МАО-моноаминоксидаза, адреналинот им се задржува подолго во крвта. Премногу емотивни реакции на стрес доведуваат до хипертензија, болести карактеристични за оваа крвна група, дебелина и зависност од: пушење, алкохол, коцкање, дрога, храна …
Крвна група А – Вегетаријанство им е “во крвта”
Крвна група Б – млеко ДA, глутен НЕ
Крвна група 0 – некогаш ловци, денес месојади
Забелешка: Преземањето на оваа содржина е дозволено само ако го наведете изворот со задолжително линкување на нашиот домен и оригиналната статија!
Доколку сакате да прочитате повеќе содржини како оваа, препорачуваме да го посетите нашиот портал www.kukuriku.com.mk, а со лајк на нашата фан страна станувате дел нашето многубројно членство facebook.com/Kukuriku.mk/.
Продолжува на страна 2



















