Крвна група AB на риба и зеленчук

3422

Отпорни на тумори

Метаболизмот на оваа крвна група се карактеризира со висок коагулационен фактор, па се изразени болести на срцето и циркулаторниот систем, како на пример склоност кон тромбоза и мозочни удари.

Осетлива точка им е и системот за варење, кој може да доведе до намалување на нивото на калциум и склоност кон анемија. Ниско е и нивото на стомакчната киселина, а комбинацијата на овие два фактори ја зајакнува можноста за размножување на бактерии во желудникот и цревата, но и остеопороза (бидејќи  калциумот послабо се ресорбира во услови на слаба гастрична киселина). За да се избегне ова, потребно е редовно земање пробиотици.

Оваа крвна група, исто така, има специфичен имунитет. Склони се кон инфекции на грлото, уво, нос и гастроинтестиналниот тракт, но отпорни се на тумори, што се должи на фактот дека клетките се природни убијци или natural killer (NK) најсилен имунолошки фактор на оваа крвна група. Како природата да им го компензирала недостатокот на антитела за антигените на другите крвни групи.

Диетите ви одмагаат!

Ако сте носител на крвна група АБ, не гладувајте и избегнувајте диети, бидејќи тие кај вас го стимулираат лачењето на хормоните на стресот, што резултира во забавување на метаболизмот и таложење на масти. За да се поттикне варењето на храната, се препорачува горчлив аперитив до еден час пред оброците, како и “енергетски појадок” т.н. протокол Buldwig, рецепт што го објавивме на почетокот на серијата крвни групи, кој ги обезбедува потребните протеини. Како оваа крвна група нема недостаток и во количината на дигестивните ензими и желудечна киселина, оневозможено ѝ е добро варење на месото, заради што не треба да биде главен извор на протеини, туку рибата и морските плодови. Редовното консумирање риба, исто така, се препорачува за чистење на крвта, како и за регулирање на функцијата на тироидната жлезда. Пожелно е да се исфрли пченката, пченицата и пилешкото месо од исхраната, да се избегнуваат газираните пијалоци, кофеинот и алкохолот. Се препорачуваат производи од соја и зелен зеленчук, бидејќи тие го подобруваат чистењето на организмот и ја намалуваат тежината. Покрај морските плодови, основата на исхраната треба да бидат и кисели млечни производи, зеленчук и овошје.

Крвна група А – Вегетаријанство им е “во крвта”

Крвна група Б – млеко ДA, глутен НЕ

Крвна група 0 – некогаш ловци, денес месојади

Забелешка: Преземањето на оваа содржина е дозволено само ако го наведете изворот со задолжително линкување на нашиот домен и оригиналната статија!

Доколку сакате да прочитате повеќе содржини како оваа, препорачуваме да го посетите нашиот портал www.kukuriku.com.mk, а со лајк на нашата фан страна станувате дел нашето многубројно членство facebook.com/Kukuriku.mk/.

Што да се јаде, а што да се избегнува 

Продолжува на страна 3