Крвна група 0 – некогаш ловци, денес месојади

264

Кога кромањонците, околу 40.000 години пред нашата ера, постигнале победа во немилосрдна природна средина, Сахара беше плодна савана со изобилство на флора, а особено фауна. Бидејќи тие не се занимавале со одгледување на растенија или со припитомување на диви животни, месото преовладувало во нивната исхрана.

Спецификите на еволутивната борба за опстанок влијаеле и на нивните морфолошки и ментални карактеристики, па тие се релативно високи, со долги нозе и прсти, гоноидниот виличен агол им е под 90 °, вратот им е подолг, рамената широки во однос на колковите, а должината на нозете и торзото во пропорцитет. Тие имаат крвна група 0.

Се карактеризираат со решителност, срамежливост, натпреварувачки дух, експлозивност, скептичност, лидерство, борбеност, тврдоглав поглед; вкупно повеќе од сто морфолошки и психолошки карактеристики.

Спортисти и лидери

Денес, луѓето со крвната група 0 се екстровертни, силни, стабилни, практични, самоуверени. Тие се добри стратези, силни се и упорни, натпреварувачки се расположени и немирни. Тие се создадени да бидат ефикасни, секогаш активни, вистински борци, спортисти. Децата од оваа крвна група порано проодуваат и претежно се хиперактивни, па паметно е да бидат насосечи на спорт. Токму затоа најголем број на врвни спортисти навистина имаат крвна група 0. Стресот го решаваат со физичката активност, но долготрајниот стрес не им одговара, бидејќи метаболички немаат во крвта доволно количество на МАО или моноаминоксидаза, која го уништува кортизолот и адреналинот. Затоа, биохемиските нарушувања кои се јавуваат како реакција на стрес можат да доведат до метаболички проблеми, особено во ендокриниот систем (на тироидната жлезда, панкреасот, надбубрежната жлезда).

Не можат без месо

Гладувањето, разни диети, избегнување на месо за нив се вистински стрес. Тие не смеат да прескокнуваат оброци, а на менито мора да преовладуваат месото и рибата. Поради ниските фактори на коагулација на крвта, препорачливо е да консумираат јогурт, кефир и зелени салати. Со богати јадења од месо со зелен лиснат зеленчук задолжително е конзумирање на една чаша газирана минерална вода (собна температура) за регулирање на гастринот и неутрализација на нитрозаминот, кои се произведуваат во цревата.

Жените со крвната група 0 се склони кон болести на тироидната жлезда. За време на варењето, се создава премногу желудочна киселина и после јадење пепсиноген, така што многу се склони кон гастритис, ГЕРБ и чир. Пожелно е да избегнуваат кофеин, алкохол, нане, чоколадо, да не се прават големи паузи помеѓу оброците и да не претеруваат со количините.

Голем проблем за нив се јагленохидрати, бидејќи тие им го забавуваат метаболизмот и ги зголемуваат триглицеридите, заради што се создаваат масни резерви, што доведуваат до инсулинска резистенција и хипертироидизам. Ако секогаш внесуваат јаглени хидрати, им се отвора патот до проблеми со срцето, кон кои оваа крвна група не е склона. Затоа, им се препорачува леб од рж, додека пченицата и пченката треба да ги заборават, како и овесот.

Крвна група А – Вегетаријанство им е “во крвта”

Крвна група Б – млеко ДA, глутен НЕ

Крвна група AB на риба и зеленчук

Продолжува на страна 2