Како крвната група го одредува женскиот темперамент

212

Повеќе од 25 векови луѓето се трудат да најдат одговор за женскиот темперамент. Овој интерес првенствено е поврзан со очигледноста на индивидуалните разлики меѓу луѓето.

Кога станува збор за темпераментот, често се подразбираат ред психолошки карактеристики: длабочината и стабилноста на емоциите, енергичноста на дејствување, индивидуалните карактеристики на однесувањето.

Постојат многу пристапи и методи за решавање на ова прашање. Јапонците и Корејците, на пример, се придржуваат до теориите кои ги поврзуваат карактеристиките на темпераментот со крвната група на човекот.

И која е вашата крвна група? Да не се изненадите ако вашата, долунаведена карактеристика, е многу точна.

Патем, во Јапонија и ден денес, при вработување, се зема во предвид крвната група.

Темпераментот на жената по крвна група

1. (0) крвна група

Жените од оваа крвна група се доста егоистични. Во врска со мажите тие се многу љубоморни и страсни. Доминантни и силни личности. Овие претставници на поубавиот пол се обидуваат во сè да ги контролираат своите избраници, така што, на оние кои ќе се обидат да ги измамат, ќе им биде тешко остварливо.

Овие жени према своите мирни и послаби парнери се рамнодушни. Вреди да се спомене дека меѓу успешните деловни жени и познати личности, жените со оваа крвна група доминираат.

Тие очекуваат среќа, задоволство и нежност од нивните мажи. Како жени владеат од позадина, тие често активно учествуваат во изградбата на кариерата на својот сопруг. Како мајки, према децата се поставени другарски, речиси пријателски, а сопствените амбиции ги остварува преку сопругот и децата.

Продолжува на страна 2