“Ги заклучувам ќерките по соби, мојот сопруг да не ги силува” |  Ова е исповед на една мајка која го шокира светот!

469

Државните служби дале зелено светло на оваа во најмала рака необична, а многумина велат монструозна идеја до која дошла самата мајка, а за да може да спие и да биде во врска со нивниот болно умен очув.

Мајката ги заклучува своите ќерки во нивните соби, секоја вечер, како би можела да живее со својот сопруг, инаку осуден педофил.

Звучи како неверојатна приказна, но вистинита е. Две сестри навистина секоја вечер се заклучуваат во спална соба под аларм да се заштитат од очувот. И социјалните работници велат дека сето тоа е во ред, пишува Дејли мирор за случајот кој ја шокира Британија. Колку тоа да изгледа како нешто сосема надвор од умот, државните служби дале зелено светло на оваа, во најмала рака необична, и многумина велат монструозната идеја до која дошла мајката, а сѐ да може да спие и да биде во врска со нивниот болен очув.

Генерално, за да одобрат нешто вакво, градските власти процениле дека девојките се доволно заштитени од потенцијалниот напад од фактот дека очувот, во случај да посака сексуално да ги напаствува, од креветот прво би морал да ја прескокне преку сопруга, која би се разбудила. На заклучените девојки им е дадена можност со притискање на копчето, да ја повикаат мајката ако сакаат да одат во тоалет.

Бабата на девојките останала шокирана од оваа одлука.

– Откако дознав дека новиот сопруг на ќерка ми е осуден педофил се обидов на социјалните служби да ја изразам својата загриженост. Вџашена сум од фактот дека на тој човек му е дозволено да влезе во куќата каде што живеат моите внуки- згрозена е бабата.

Мајката ја гледа целата ситуација различно. Таа е свесна за ексцентричноста на нејзиниот сопруг, бидејќи претходно била со него во однос во осумдесеттите. По една година врска, мајката побарала да биде “лице со одобрение” која ќе го следи секој контакт на својот тогашен дечко со лица помлади од 16 години, бидејќи осудениот педофил не смее да има неконтролиран контакт со нив во рамките на одредбата за спречување на сексуална злоупотреба.

 Продолжува на страна 2