Несакани ефекти од оргазмот

1059

Повеќето од нас го поврзуваат оргазмот со блажено ослободување на задоволство.

За некои, сепак големата кулминација може да доведе до прилично неочекувани несакани ефекти – вклучувајќи халуцинации, плач и кивање.

Оргазмот се карактеризира со чувства кои го покриваат целото тело и на карлицата, црвенило, зголемен срцев ритам и крвниот притисок, како и тешко дишење.

Психолошките ефекти може да вклучуваат чувство на љубов, среќа и опуштање.

Авторите на новото истражување објавено во Sexual Medicine Reviews, заклучуваат дека човечкиот сексуален одговор е комплексен и разновиден. Така тие прикажуваат некои од најчудните симптоми кои може да се случат, по оргазамот.

Плач

Можно е после секс да станеме тажни, депресивни или вознемирени. Оваа состојба е позната како “меланхолија после секс”.

Според експертите тоа е честа и се случува дури и при стабилните и долгорочни врски.

Халуцинации

Некои жени велат дека нивниот партнер буквално ги пренесува во друг свет.

Од околу 50 жени, кои признаваат дека имале “проширен сексуален одговор”, 76% објаваија за чувство на летање. Околу 75% од учесниците изјавиле дека доживеале чувство како ги напуштаат своите тела, а 24% од нив го опишуваат чувството дека се во анимиран свет.

Околу една четвртина од оние кои учествувале во анкетаат зборуваат за дежа ву по оргазамот.

Кивавица

Податоци поврзани со кивање по оргазмот, датираат уште од 20 век. Всушност еден случај од 1972 година тоа го опишува кај 59-годишен маж, кој развива тешко кивање и течење на носот по оргазамот, а неговата состојба продолжува цели 10 години.

Според експерти активирање на еден дел од парасимпатиковиот нервен систем за време на оргазам може да отклучи другиот нејзин дел, што предизвикува кивање.