Најчеста грешка е заканата – „Биди добар инаку Дедо Мраз … “

175

Ако го научите детето да прави добро, му подарувате нешто што ќе му го збогати животот, а новогодишното брзање искористите го за заедничките активности, забава и дружење.

Растргнати со обврските, од купување на божиќното дрвце и подароците до уредувањето на домот како и подготовката на убавите јадења, родителите често прават грешки и донесуваат двосмислени одлуки, предупредуваат др. Lisa Staab Shadburn и социјалниот психолог Susan Newman. На списокот на најчестите новогодишни грешки е празничниот трик- закана со Дедо Мраз. Наместо заканувачкото, “Дедо Мраз те гледа и нема да ти донесе ништо, ако не си добар/а”, кажете: “Дедо Мраз ќе биде многу среќен ако си ја подредил собата.”

– Нема ништо лошо во тоа подароците да ги искористите како дополнителен мотив за да го мотивирате детето културно да се однесува, но со фразите “Биди добар и убаво однесувај се” не му кажувате на детето што конкретно сакате од него. Затоа, јасно дефинирајте ги очекувањата и објаснете му дека доброто однесување значи послушност, почитување на возрасните и добрината кон браќата, сестрите и пријателите – вели д-р Shadburn. Кога станува збор за подароците, родителите за време на празниците нерационално “ги пеглаат” веќе истенчените картички за да им купат раскошни подароци на децата кои потоа ги отплаќаат со месеци. Не ја правите таа скапа грешка. На малите деца им е сеедно дали под елката ќе најдат скап подарок или поевтина весела играчка, а постарите деца се доволно разбрани со нив отворено да разговарате за нивните очекувања и вашите можности.

Ако сепак одлучите да купите скап подарок, дајте му до знаење на детето дека со тоа го испразнило фондот за играчките за следните неколку месеци. Бидете особено внимателни, ако посака милениче како подарок и ако вети дека секој ден ќе се грижи за него.

– Животните не се играчки, туку разумни и чувствителни суштества на кои им е потребна нега и внимание. Затоа, пред да набавите домашно милениче, и вие и вашето дете треба да бидете свесни за својата одговорност – истакнува д-р. Shadburn. Ако за овие празници сепак одлучивте семејството да го збогатите со нов член, бидете подготвени да преземете голем дел од грижата за домашното милениче, а на малото дете ќе му ги доверите само малите работи како што се замена на водата во садот. Моментите кога децата се среќни поради подароците искористете ги за да ги научите дека убавината и радоста не се само во добивањето туку, исто така, и во дарувањето. Потсетете ги да бидат благодарни за сето она што го имаат и поттикнете ги, играчките кои ги надминале да ги донираат на децата кои ги немаат, а старите ќебиња за азилот за напуштените животни.

Ако го научите детето да прави добри дела, вие му дадовте најскапоцен подарок кој ќе му го збогати и оплемени животот.

Продолжува на страна 2