Како природно да добиеме густи веѓи

2134

Техниките за обликување на веѓи со молив, сенки или каков и да е друг козметички производ од овој тип се исклучително многу. Постојано го применуваме наученото и ги создаваме веѓите, за кои секогаш сме сонувале.

Но, сето тоа бара одвојување на доста време и напор – инвестиција која не секогаш успеваме да ја направиме.

Ви претставуваме неколку козметички совети, благодарение на кои може да се здобиете со природно убави веѓи, без да изгледате неодржувани и без да се бара да останете некое време дома.

Запрете со кубење

За да добиете природно густи веѓи, нема зошто да продолжувате да ги чистите влакненцата. Времето што ќе е потребно до целосен раст и должина која не изгледа чудно, е околу 15 недели. Да, изгледа страшно многу, но тоа е цената која треба да се плати.

Влакненцата изникнуваат рамномерно приближно за околу 3-4 месеци по отстранување со пинцета. Колку подолго не ги кубете веѓите, толку повеќе влакненцата ќе растат и ќе изгледаат природни.

Ќе изгледаат чудно

Да, нема како да ја скокнете магично фазата во која ќе имате долги и кратки влакна. За жал, тоа е природен процес кој треба да се истрпи. За да го намалите тој непријатен ефект, користете гел за веѓи, со кој ќе поставувате правилна форма.

Забелешка: Преземањето на оваа содржина е дозволено само ако го наведете изворот со задолжително линкување на нашиот домен и оригиналната статија!

Доколку сакате да прочитате повеќе содржини како оваа, препорачуваме да го посетите нашиот портал www.kukuriku.com.mk, а со лајк на нашата фан страна станувате дел нашето многубројно членство facebook.com/Kukuriku.mk/.

Продолжува на страна 2