Лубеницата е исклучително освежително и вкусно, но и здраво овошје.
Се чини дека се многу здрави, а исто така ќе понудат добри дози на магнезиум, цинк, калиум и витамини Б.
Тие се богати со протеини и ниски калории, а семките од лубеница можат да бидат здрав додаток во вашата исхрана. Сепак, и покрај тоа што е толку здрава, сепак не е погодна за сите луѓе.
Еве кој не треба да ја јаде.
Конзумирањето лубеница го поттикнува слабеењето, а се верува дека може да има и антиканцерогени ефекти. Лубеницата со средна големина содржи околу 92 проценти вода, па затоа е одлична опција да останете хидрирани. Водата е важен дел за функционирањето на организмот. Всушност, водата сочинува 60 проценти од составот на нашето тело, што објаснува зошто таа игра голема улога во речиси секој организам.
Студијата од 2019 година, која ги испитуваше ефектите од консумирањето лубеница врз ситоста и телесната тежина кај возрасните со прекумерна тежина и дебели, покажа дека оние кои консумирале по две парчиња лубеница дневно во текот на четири недели, се чувствувале помалку гладни и изгубиле значително повеќе килограми од групата која консумирала нискокалорични колачиња.
Сепак, диететичарите предупредуваат дека конзумирањето лубеница не е најдобро за една група луѓе, а тоа се дијабетичарите. Лубеницата е полна со природен шеќер, кој може да предизвика скок на шеќер во телото. Сепак, не треба целосно да се исфрли од исхраната. Може да се комбинира со храна која е богата со здрави масти, влакна и протеини, како што се јаткастите плодови или семките.
Оваа комбинација на хранливи материи може да му помогне на лицето да се чувствува посито подолго и да ја забави апсорпцијата на шеќерот во крвотокот.
Забелешка: Преземањето на оваа содржина е дозволено само ако го наведете изворот со задолжително линкување на нашиот домен и оригиналната статија!
Доколку сакате да прочитате повеќе содржини како оваа, препорачуваме да го посетите нашиот портал www.kukuriku.com.mk, а со лајк на нашата фан страна станувате дел нашето многубројно членство facebook.com/Kukuriku.mk/.