Тестенини во сос од печурки

2011

Состојки

  • 300 гр шпагети
  • 250 гр свежи шампињони
  • ½ мала главица кромид
  • 3 чешниња лук
  • 4-5 гранчиња ситно исечкан магдонос
  • 5 лажици маслиново масло
  • по вкус мешан сув зачин, сол и бибер
  • 200 мл растителна павлака за готвење

Подготовка

  • Во тенџере на оган со зовриена и солена вода ставете ги шпагетите да се варат, по време означено на паковањето.
  • Печурките изрендајте ги на ливчиња. Кромидот и лукот ситно исецкајте ги и ставете ги во тава со масло, малку да се запржат. Додајте ги печурките, магдоносот и зачините по вкус. Оставете ги да се динстаат додека течноста им испари.
  • Варените шпагети исцедете ги и додадете ги во тавата со печурки. Измешајте ги, а потоа додадете ја павлаката. Послужете ги топли.