Потребно
- 1/2 лист поголема обланда
За темниот дел
- 600 гр суви сливи
- 100 мл вода
- 125 гр маргарин
- 200 гр чоколадо за готвење (посно)
- 100 гр мелени кекси
За посветлиот дел
- 200 гр шеќер
- 200 мл вода
- 125 гр маргарин
- 250 гр кокос
За преливот од чоколадо
- 100 гр чоколадо
- 4 лажици масло
Подготовка
- Сувите сливи сомелете ги или ситно исецкајте ги. Во еден сад ставете ги сувите сливи, 100 мл вода и 125 гр маргарин и ставете го садот на рингла да почне да врие водата. Потоа додадете го чоколадото и мешајте додека не се растопи.
- Садот тргнете го од рингла и додадете ги мелените кекси. Оваа смеса уште додека е топла ставете ја на 1/2 лист од поголема обланда. Израмнете и оставете да се излади убаво.
- Сега преминете на подготовка на посветлиот дел. Во еден сад на рингла ставете 200 гр шеќер, 200 мл вода и кога кога ќе се растопи шеќерот додадете 125 гр маргарин да се растопи и потоа додадете 250 гр кокос. Белата смеса ставете ја над темната додека е уште топла.
- Истопете 100 гр чоколадо со 4 лажици масло и прелијте го колачот. Оставете убаво да се излади и да се стегне чоколадото и исечете го колачот на правоаголници.



















