Телескопите Hubble и Spitzer веќе откриле водена пареа, натриум и калиум во атмосферата на таа егзопланета, но дури со Вебот е откриен јаглерод диоксид.
Телескопот James Webb на НАСА направи уште едно големо научно откритие – пронајде траги од јаглерод диоксид на планета надвор од Сончевиот систем.
Иако оваа егзопланета никогаш нема да биде погодна за живот, успешното откритие на CO2 им дава надеж на научниците дека слични набљудувања може да се направат и на планети поблиску до Земјата, пишува агенцијата France Presse.
„Мојата прва мисла: леле, навистина имаме шанса да ги откриеме атмосферите на планетите со големина на Земјата“, напиша на Твитер Натали Батала, професорка на Универзитетот Калифорнија од Санта Круз и една од стотиците истражувачи на проектот Webb.
Студијата за егзопланетата WASP-39, џин со врел гас кој орбитира околу ѕвезда оддалечена 700 светлосни години, наскоро ќе биде објавена во списанието Nature.
„За мене, тоа ја отвора вратата за идни студии на супер-Земји или дури и планети со големина на Земјата“, рече Пјер-Оливие Лагаж, астрофизичар во француската Комисија за атомска енергија (CEA). Супер-Земјите се планети поголеми од нашата, но помали од Нептун.
Откривањето на јаглерод диоксид, исто така, ќе им помогне на научниците подобро да разберат како настанал WASP-39, соопшти НАСА.
Помината е важна граница во науката за егзопланетите
Оваа егзопланета орбитира околу својата ѕвезда еднаш на секои четири дена, има маса од четвртина од Јупитер, но 1,3 пати поголем дијаметар. Неговата орбитална фреквенција и големата атмосфера го направиле WASP-39 идеален кандидат за рани тестови на инфрацрвениот сензор NIRSpec на Webb.
Телескопите Hubble и Spitzer веќе откриле водена пареа, натриум и калиум во атмосферата на таа егзопланета, но само со Webb е откриен јаглерод диоксид.
„Ова е посебен момент, надмината е важна граница во науката за егзопланетите“, рече истражувачот од Универзитетот Џон Хопкинс Зафар Русамкулов во соопштението на НАСА.
Телескопот вреден 9 милијарди долари, именуван по директорот на НАСА од 1961 до 1986 година, е лансиран кон крајот на минатата година.
Проектот го води НАСА во партнерство со европските и канадските вселенски агенции, а телескопот е 100 пати помоќен од Hubble.



















