Комарци со остранети рецептори сè уште можат да ги намирисаат луѓето

1077

Откритието дека комарците се уште подобри во откривањето на човечки мириси отколку што се мислело, сугерира дека напорите за спречување на ширењето на болестите што ги пренесуваат комарците треба да се насочат поинаку.

Комарците на кои им биле отстранети рецепторите од нивните антени за препознавање на човечкиот мирис сè уште можат да ги намирисаат луѓето, што укажува на тоа дека нивниот систем за мирис е покомплексен отколку што се мислело.

Женските комарци се потпираат на коктел од мириси што го испуштаат луѓето и другите животни за да ја откријат крвта што им е потребна за да ги хранат нивните јајца. Инсектите ги фаќаат мирисите преку миризливите неврони лоцирани првенствено на нивните антени, кои откриваат и пренесуваат информации за мирисот до мозокот.

Мег Јангер од Универзитетот во Бостон во Масачусетс и нејзините колеги користеле технологија за уредување на гени CRISPR на женски комарци (Aedes aegypti) за да ги деактивираат групите на човечки рецептори за мирис на миризливите неврони во нивните антени. Нивното истражување е објавено во научното списание „Cell“.

Јангер и нејзиниот тим очекувале дека ова ќе ги спречи миризливите неврони да детектираат човечки мирис и да ја пренесат таа информација до мозокот. Меѓутоа, кога ја мереле активноста на невроните додека комарците биле изложени на човечки мирис, откриле дека инсектите сè уште можат да го детектираат мирисот.

Тоа е последното нешто што очекувавме да го најдеме, вели Јангер.

Тие се посомневале дека мирисите ги активираат другите рецептори на миризливите неврони. За да го потврдат ова, истражувачите користеле секвенционирање на РНК за да утврдат што се случува на клеточно ниво. Тие откриле дека еден миризлив неврон може да има повеќе видови рецептори, а не само еден, и дека човечкиот мирис вклучува некои рецептори кои не биле деактивирани.

Ако еден од овие типови на рецептори за мирис е мутиран или повеќе не функционира, постои овој резервен систем. Ова ја менува догмата за она што мислевме дека го знаеме за миризливиот систем, вели Кристофер Потер од Медицинскиот факултет Џон Хопкинс во Мериленд, кој неодамна откри сличен феномен кај овошните мушички.

Откритието дека комарците се уште подобри во откривањето на човечки мириси отколку што се мислело, сугерира дека напорите за спречување на ширењето на болестите што ги пренесуваат комарците треба да се насочат поинаку, вели Јангер.
Наместо да се фокусираме на уредување на гените од детекторите за човечки мирис на комарците со надеж дека тие нема да можат да ги детектираат луѓето, ресурсите би можеле да се насочат кон создавање помоќни замки и репеленти, вели таа.