Зошто треба да јадеме јајца

1964

Јајцата се едни од прехранбените производи кои постојат на земјата.

Покрај тоа што се вкусни и многу корисни, тие учествуваат во подготовка на многу од работите кои ги конзумираме секојдневно. Во секое јајце се содржат сите материи кои се потребни за изградба на еден нов организам.

foodpanda ги избра најкорисните својства на овој производ и зошто треба да присуствува на масата редовно. Јајцето нè држи сити, многу подолго отколку житариците или лебот.

Белковините и мастите помагаат да се задржи нивото на енергија на телото. Јајцата се едно од најдобрите средства за слабеење.

Студиите покажуваат дека луѓето кои јадат јајца за појадок се повеќе склони да ја губат телесната тежина побрзо. Еден од најбогатите извори на протеини, што значи дека јајцата ги содржат сите есенцијални амино киселини, кои треба да ги добиеме секојдневно.

Тие се евтин и масовно распространет производ. Во споредба со другите високо протеински храни како црвено месо, јајцата се евтин производ, кој присуствува во секој фрижидер. Помагаат за развојот на мозокот и меморијата.

Благодарение на состојката холин, функциите на мозокот и меморијата стануваат подобри, како и се подобрува на будноста.

Јајцата го штитат видот. Антиоксидантите и зексинот кои се присутни во јајцето, помагаат при оштетување на очите и изложеност на ултравиолетови зраци.