Кадие и неговите колеги очекуваат дека оваа егзопланета би можела да биде многу повлажна од Земјата.
Меѓународен тим астрономи објави дека откриле потенцијална „океанска егзопланета“ која орбитира околу бинарен систем на само 100 светлосни години од Земјата.
Егзопланетата, која ја има официјална ознака TOI-1452b, се претпоставува дека е малку поголема од Земјата и се наоѓа во зоната која поддржува живот. Меѓутоа, за сето ова навистина да се потврди, научниците мора подобро да го проучат.
TOI-1452b е еден од најдобрите кандидати за океанска планета што сме го нашле досега. Нејзиниот радиус и маса сугерираат многу помала густина отколку што би очекувале од планета која всушност е составена од метал и карпи, како што е Земјата, објасни Чарлс Кадие, водечки автор на студијата и докторант на Универзитетот во Монтреал во соопштението за медиумите.
Кадие и неговите колеги очекуваат дека оваа егзопланета би можела да биде многу повлажна од Земјата. Тие проценуваат дека дури 30 отсто од неговата маса би можела да биде вода. За споредба, на Земјата тоа е само еден процент.
Дека таков бисер може да се сокрие во бинарниот систем што го набљудувале, тимот забележал за време на набљудувањата со вселенскиот телескоп TESS на НАСА. Потоа го набљудувале повнимателно со инструменти во опсерваторијата во Квебек, а сега се надеваат дека ќе ги откријат сите нејзини тајни користејќи го вселенскиот телескоп Џејмс Веб на НАСА.
Тоа би можело да биде клучно за подобро разбирање на TOI-1452b. Што е можно поскоро, ќе резервираме време на Веб за да го проучуваме овој чуден и необичен свет, додаде коавторот на студијата, професор Рене Дојон од Универзитетот во Монтреал.



















