Лифтинг диета за убава кожа

143

Убавата и млада кожа е реалност не само со помош на современа козметика и иновативни грижи.

Исхраната која во последните неколку месеци стана омилена на едни од најзначајните жени во Холивуд, меѓу кои се Никол Кидман, Џулија Робертс, Шерон Стоун, не се фокусира на намалување на телесната тежина, туку врз лифтинг врз кожата.

Докажано и во краток рок тоа ќе ви помогне да изгледате свежо, а вашата кожа ќе добие мазност и сјај. Диетата е дело на американскиот дерматолог Николас Перикон. Еве кои се основните работи кои го вклучуваат прехранбениот план кој се препорачува да биде почитуван за 28 дена.

Мора да имате 3 главни оброци во денот и 2 лесни закуски. За ужинка може да консумирате овошје, ореви, нискомаслен јогурт. Главен акцент во менито треба да биде мрсната морска риба. Еден од најкорисните видови за убавината на кожата е лососот, но може да го смените со туна, харинга, скуша.

Рибата треба да се подготвува задушена или печена, но не и пржена. Важно е секој ден да ја конзумирате. Додека ја следите диетата е важно да јадете и многу овошје. Доктор Перикон советува во менито да додадете повеќе капини, боровинки, малини, јагоди, јаболка, круши. Пијте на ден барем 2-2,5 литри вода, која не е газирана.e0fce231286b784af18e5233a70ec1f1

Други важни состојки за убавината на кожата се маслиново масло, авокадо, краставица, зелка, пиперки, целер, моркови, свеж зеленчук, бадеми и лешници, но без сол. Аспарагусот и брокулите се богати со влакна, витамини и антиоксиданси и фолна киселина, кои придонесуваат за формирање на нови клетки.

Одобрена е и потрошувачката на млечни производи, но со ниска содржина на масти, како и на чисто месо од живина. Производи кои се забрануваат, бидејќи го забрзуваат процесот на стареење на кожата се шеќер, сол, кафе, алкохол, сосови, готови сокови, безалкохолни пијалоци, бонбони, колачи, чипс.

Поткаснувајте здраво, бидејќи не само што ќе се чувствувате подобро, но и ќе се подмладите без скалпел.