Дали имате “глутенско“, “шеќерно“, “винско“ или “млечно“ лице?

171

Нездравата исхрана е факторот број 1 за здравјето организмот. Нетолеранцијата и на акумулацијата на одредени нехранливи материи во телото можат да предизвикаат не само здравствени проблеми, но и проблеми со кожата – стареење, брчки, мозолчиња, акни, оток, црвенило.

Според истражувачите, различната нетолеранција може да се забележи по лицето. И така – дознајте дали имате “глутенско”, “шеќерно”, “виснко” или “млечно лице” од следните скици.

Глутенско лице

Глутенското лице се познава по надуеноста во областа на образите и околу очите. Карактеристична е суфузија на образите, како и појава на пигментни дамки на и околу брадата.

Овие промени во кожата на лицето се должат на воспалителните процеси кои глутенот ги предизвикува во телото. Реакцијата на глутен е карактеристична за луѓето кои страдаат од целијачна болест или интолеранција на глутен.

Млечно лице

Млечното лице се познава по темните кругови околу очите. Се појавуваат бели дамки по целото лице, како и минијатурни брунчиња во областа на брадата.

Лактозната нетолеранција е подмолна, бидејќи исто како и глутенската може да влијае на имунолошкиот систем и да ги наруши и ослаби неговите функции. Во одговор на тоа организмот реагира и активира воспаление во ткивата.

Освен тоа, во млекото има хормони – естроген и прогестерон,кои доаѓаат во повеќе за женскиот организам. Зголемените им количини во телото често се причина за појава на акни и мрсна кожа.

Шеќернo лице

Дали сте слушнале дека шеќерот и десертите предизвикуваат акни? Покрај тоа, шеќерот ги тера клетките на дермисот да оксидираат. Тоа доведува до појава на брчки, фини линии, ќеси под очите, симнат поглед и овенати очни капаци.

Преупотребата на кондиторски производи може да доведе не само до дијабетес, но и до кожа со текстура на сива паста. Во некои потешки случаи дури веѓите можат да станат поретки.

Винскo лице

За винско лице се карактеристични брчки и линии помеѓу очите, проширени пори на образите и околу устата, дехидрирана кожа, црвенило околу носот и образите, како и брчки.

Овие брчки и набори се добиваат заради силната дехидратација, која алкохолот ги предизвикува. Кожата станува сува и подложна кон набраност, се појавуваат испукани капилари.