Поранешниот американски претседател Доналд Трамп, по преминувањето на социјалната мрежа Твитер под контрола на Илон Маск, му честиташе на претприемачот и најави можно враќање на неговиот профил во понеделник на 31 октомври.
Светските медиуми утринава објавија дека Маск конечно ја затворил зделката за купување на Твитер, по неколкумесечни преговори со акционерите.
„Честитки до Илон Маск за купувањето на Твитер…Известен сум дека мојот профил ќе биде вратен и ќе профункционира во понеделник. Ќе видиме“, се вели во соопштението од прес-службата на Трамп.
Трамп претходно изјави дека нема да се врати на Твитер, дури и ако му биде понудено да го врати суспендираниот профил, бидејќи има намера да ја користи сопствената социјална мрежа на вистината.
45-тиот претседател на САД е блокиран од гигантот на социјалните мрежи откако одби да го признае поразот на изборите во 2020 година.
Да потсетиме дека во април Твитер ја прифати понудата на Маск од 44 милијарди долари, но во меѓувреме имаше несогласувања и меѓусебни обвинувања меѓу компанијата и Маск.