Белешките на Хитлер беа продадени на аукција за 34.000 евра | Видео

39

Рачно напишаните белешки на нацистичкиот водач Адолф Хитлер беа продадени на аукција во Минхен за 34.000 евра, и покрај осудата на еврејските групи.

Аукциската куќа Херман Хисторика ја бранеше продажбата, додавајќи дека белешките имаат историско значење и дека имаат место во музејот.

Белешките за обраќањето на офицерите од девет страници на Хитлер биле напишани во 1939 година, осум месеци пред почетокот на Втората светска војна.

Тие беа продадени на анонимни понудувачи за 34.000 евра, далеку над почетната цена, проценета на помеѓу 2.500 и 7.500 евра.

Рабинот Менахем Марголи, кој е претседател на Европската асоцијација на Евреи со седиште во Брисел, оцени дека продажбата на ракописот е загрижувачка и дека тоа може да ги охрабри неонацистите.