Како да се лекувате со мед?

1288

Медот со векови се користи за лекување на различни здравствени проблеми.

Освен што помага да се ослободите од кашлицата, го зголемува хемоглобинот, го зајакнува имунолошкиот систем, важен е за здравјето на крвните садови, може да помогне и за третманот на некои од најчестите кожни болести или моментални болки.

Стоматитис

Стоматитис е воспалителна болест која влијае на слузницата на усната шуплина. Постојат неколку видови стоматитис, кои можат да влијаат и на непцата, грлото, образите. Тесните музкозни повреди можат да се појават како резултат на боледување, тешки здравствени состојби, ослабен имунолошки систем , при повреда на лигавицата за време на миење заби и други.

За да лекувате стоматитис со мед, ќе ви бидат потребни една лажичка од него и една лажичка куркума.

Промешајте ги двете состојки добро и потоа ставете ја пастата врз погодените делови. Чувството е непријатно, болно, но благодарение на медот и куркума воспалението ќе помине брзо.

Акни

Медот може да помогне и да ја исчистите и кожата од непријатните акни. Во сад измешајте 2 лажици мед со 1 лажица јогурт. Измешајте добро и приложете ја маската на исчистена кожа за околу 10-15 минути.

Потоа исплакнете со вода. За да го постигнете саканиот ефект правете ја оваа регенеративна маска 2-3 пати неделно навечер пред спиење.

Продолжува на страна 2