
НАТО најави нов вселенски проект чија цел е создавање флота од шпионски сателити.
Проектот „Постојан надзор на Алијансата од вселената“ (APSS) беше претставен во средата, а писмото за намери за развој на рамка за подобрување на надзорот од вселената преку мултинационална соработка и заедничко користење на националните капацитети базирани на вселената го потпишаа 16 членки на НАТО алијансата, како и Финска и Шведска.
Шведска и Финска поднесоа барање за членство во НАТО во мај 2022 година, иако нивните кандидатури допрва треба да бидат одобрени од Унгарија и Турција. Сепак, иако не се формално прифатени во воениот блок, и Стокхолм и Хелсинки веќе учествуваат во заеднички проекти.

Соѕвездието “Aquila”
Лансирањето ќе вклучи создавање на флота на национални и комерцијални сателити наречени “Aquila”. Од нив се очекува „да обезбедат суштинска поддршка за воените мисии и операции на НАТО.
Воениот блок објасни дека формирањето на такво „соѕвездие“ доаѓа како дел од Сеопфатната вселенска политика на НАТО усвоена во 2019 година.
На состанокот во Лондон во истата година, земјите-членки ја прогласија вселената како петти оперативен домен, покрај воздушниот, копнениот, поморскиот и сајбер просторот.

Аларм за Русија и Кина
НАТО го вклучи алармот за активностите на Русија и Кина во вселената, тврдејќи дека станува „потесен и поконкурентен“. Алијансата го осуди рускиот „непромислен и неодговорен“ тест на антисателитска ракета во ноември 2021 година, кога проектилот погоди и уништи нефункционален сателит од советската ера.
Москва го опиша тестот како начин да ги зајакне своите одбранбени способности и да ја спречи „можноста за ненадејно оштетување на безбедноста на земјата во вселената и на теренот“.
Во тоа време, Русија ги отфрли сугестиите од западните земји дека добиениот отпад може да ги загрози животите на астронаутите, истакнувајќи дека „фрагментите не претставуваат и нема да претставуваат закана за орбиталните станици“. Руското Министерство за одбрана, исто така, истакна дека САД, Кина и Индија спровеле слични тестови во минатото.
Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, минатиот јануари изјави дека вселенската стратегија на НАТО е „запалива по природа“ и „конзистентна со деструктивната политика на земјите-членки на НАТО предводени од САД“.


















