Што е асексуалност и што треба да знаете за неа?

916

Хетеросексуалност, хомосексуалност, бисексуалност, транссексуалност . Каква и да е сексуалноста, таа е дел од животот на сите луѓе. Па, на речиси сите. Има и такви кои се определени како асексуални.

Но, не помислувајте дека асексуалноста значи апстинанција. Овој термин нема никаква врска со заветот за негација од телесното задоволство.

Што значи да си асексуален?

Асексуалните луѓе едноставно не го доживуваат сексуалниот нагон кон кој и да е од двата пола. Тие немаат никаква потреба од секс. Не се воздржуваат поради некакви предрасуди. Не се откажуваат од врските и бракот, бидејќи се религиозни или поради друга причина. Тие едноставно немаат потреба да имаат секс.

А имаат ли секс во таков случај?

Чудно е дека да – имаат секс. Не сите, се разбира. Има и такви кои на никаков начин не се во искушение од телесните задоволства.

Но, има многу асексуални луѓе кои имаат секс од една или друга причина. Најчесто меѓу причините се желбата да имаат деца, да го задоволат партнерот сексуално, иако се привлечени од него само емоционално.

Асексуалните луѓе доживуваат привлечност кон други, но тоа е само и единствено на психичко и емоционално ниво.

Сексот е начин да се изразува љубов кон човекот и асексуалните луѓе го прават само затоа што тоа така е прифатено – така прават сите останати луѓе.

Продолжува на страна 2