Мобилните телефони водат до малоумност

365

Злоупотребата на мобилни телефони доведува до слабеење на когнитивните способности. До овој заклучок стигнале кинески научници.

Луѓето кои премногу често ги користат своите мобилни телефони, има опасност не само да го оштетaт видот, но и им се заканува лоша меморија, изјави Су Чивеј, шеф одделот по енцефалопатија на болницата за кинеска традиционална медицина во провинцијата Хубеи.

Кинеското истражување покажува дека читањето од екранот на мобилниот телефон влијае лошо на човековата меморија. За да се справите со овој проблем во училиште за возење, сместено во провинцијата Хубеи, е формирана специјална зона за читање. Таму мобилните телефони се забранети.

Почетниците возачи читаат од хартиени извори, целта е да се зголеми нивната концентрација. Бројот на учесниците во овој експеримент, како и други детали за него не се прецизираат.