Заб на мудроста | Вадењето катник предизвикува поголеми проблеми отколку нивното чување

135

Катниците честопати можат да предизвикаат големи промени во вилицата, па затоа стоматолозите ги советуваат пациентите да ги извадат.

Да се извадат катниците или не, доколку не растат правилно, е прашање со кое се соочуваат многу возрасни лица откако прават рендгенски снимки. Сепак, повеќето имаат тенденција да го следат советот на стоматологот и да ги отстранат катниците што може да му нанесат навистина голема штета на вилицата.

Сепак, според упатствата на британскиот Национален институт за јавно здравје, вадењето катници веќе не се препорачува, особено ако се здрави, па дури и ако има индикации дека не растат правилно.

Имено, по истражувањето утврдено е дека вадењето здрав катник може да предизвика многу полоши последици од одлуката да се пушти забот да никне.