“Одвратно и вознемирувачко” | Шокантна исповед на работник од месната индустрија | Пицата, сендвичите и колбасите повеќе нема да ги гледате исто

278

„Ако нешто остане, се собира и се сечка до непрепознатливост, било да се тоа изнутрици, копита, кожа, нокти, црева, коски“.

Многу фабрики за сувомеснати производи користат состојки и методи на подготовка заштитени како „деловни тајни“. Сепак, тие честопати ги откриваат поранешните вработени. Работникот М.Ч.кој работел две години во една од најголемите компании за преработка на месо и сувомеснати производи во Србија, за Mondo.rs изјавил дека повеќе не јаде месни преработки по сè што видел таму.

“Првото нешто што ви се случува кога ќе започнете да работите во фабрика за месо и месни производи е непријатниот мирис насекаде околу вас, цело време. Тој е толку силен, се шири низ целата фабрика и не можете да избегате од тоа. Тој мирис на застоено месо, изнутрици, остатоци. Второ, има крв насекаде околу вас, ама баш насекаде. Немам проблем со тоа, но кога секој ден поминувате во фабрика каде има толку многу крв, не ви е баш пријатно, но прифатете дека сè е тоа работа и дека ништо не може да се произведе поинаку“, вели М.Ч.

Нема никаква врска со месото

Тој посочува дека не можел да верува дека тоа навистина така се подготвува, пакува и испраќа во продавниците.

“Велат дека тоа се производи од месо и немаат никаква врска со месото. Ова се големи количини на животински остатоци, најчесто свињи, кои се наоѓаат во огромни количини во разни контејнери. Сето ова се собира, се прелива со обоена мешавина, се додаваат огромни количини на прав, ароми, конзерванси, а потоа и дополнителни бои. Како да сме некои хемичари”, изјави тој.

Тој тврди дека пилешките производи се подготвуваат на сличен начин.

“Делови од пилешкото поминуваат низ филтрите и се мешаат со вода. Потоа се ставаат адитиви за таканаречените производи од пилешко месо. Има од сите делови на пилешкото, освен месо. Ако нешто остане, се зема и се сецка до непрепознатливост, било да се тоа утроби, копита, кожа, нокти, црева, коски“.

Одвратно и вознемирувачко

М.Ќ. тврди дека ниту еден од овие производи не изгледаат како да се за јадење, иако кога сето тоа механички се обработи, на око се убаи.

“Колбасите во обвивката изгледаат двојно поголеми отколку што се всушност. Сето тоа е воздух или вода. Има толку многу сол, брашно, некои зачини и хемија, што е всушност единствениот вкус. Таа мешавина изгледа навистина одвратна сама по себе, и дури тогаш кога ќе излезе готовиот производ, сфаќате дека сето тоа е виршлите во фурните, колбасите и саламите на пиците и во сендвичите, и дека ќе го јадеме сето тоа утре“.

Првите денови, вели дека често чувствувал мачнина од сето тоа, штом му се случило и да повраќа.

„Не сум гадлив, но едно е да слушам, а друго е да го гледам сето тоа, навистина е вознемирувачко„ истакнува тој.