Еве како на лесен начин да се ослободите од тензиите

538

Ако сме имале сомневања досега, научниците потврдуваат – да, навистина работиме многу.

Истражувачите од Австралискиот национален универзитет откриле дека две третини од вкупно 8.000 испитани учесници, работат повеќе од 40 часа неделно.

Овде е важно да се напомене дека повторно според истражувањето, кога работиме повеќе од 39 часа неделно, го оштетуваме здравјето.

Долгите работни часови се пречка за доброто ментално и физичко здравје, бидејќи ни останува помалку време да се храниме добро и да се грижиме за себе.

Покрај тоа што е важно да се преиспита своите приоритети, треба да се најде и начин и да се детоксицирате адекватно по долгиот работен ден.

Можеме да го направиме тоа со помош на овие три чекори …

1. Да го погледнете омилениот ТВ пренос

Обично слушаме лоши прогнози за одморот пред телевизорот и тоа како тоа води до прекумерна тежина и штета на мозокот. Научниците сепак дошле до заклучок дека кога ја гледаме омилената телевизиска емисија, нивата на кортизол, познати уште како “хормон на стрес”, се намалуваат. Се разбира, прекумерното време поминато пред телевизор, може да доведе и до зголемување на непотребна тежина и други здравствени проблеми.

2. Вежби за истегнување

Оние од нас кои го поминуваат целиот ден седнати пред компјутер, се загрозени од развој на различни здравствени проблеми. Тие често имаат поголем притисок на половината, зголемен ризик од кардиоваскуларни болести, па дури и рак. Затоа кај нив е препорачливо да се шетаат или да прават вежби за истегнување по крајот на работниот ден.

3. Пред спиење – да се опуштиме

Кога сме опуштени, се подобрува меморијата, а исто така и тежината ни е здрава. Од друга страна, работниот стрес влијае на квалитетот на сонот. Затоа е добро да имаме ритуал пред спиење, кој ќе нè ослободи од наталожениот напон, како и да обезбедиме комфорни услови за спиење.