Девиците се луѓе од кои навистина можете да научите многу вредни лекции. Тие се сметаат за јасни и прагматични, но слободно може да се каже дека тие се и ментори што ни се потребни во животот.
Упорни се, директни и инспиративни. Можеби на моменти изгледаат премногу сериозни, но вистината е дека Девиците се вистински воини кои имаат моќ да остварат сè што наумиле.
Прочитајте што сè можете да научите од вашиот пријател роден во хороскопскиот знак Девица:
Не треба да се запоставувате за доброто на другите
Девиците никогаш не би се саботирале себе поради партнерот. Тие се ставаат на прво место, потоа семејството и пријателие, по кои доаѓа нивната врска. Девиците сметаат дека не секој го заслужува нивното внимание.
Тие ќе ве научат да се почитувате себе и да не ги запоставувате сопствените потреби за доброто на партнерот. Еден од најдобрите квалитети на Девицата е токму тоа – љубовта кон себе и самопочитта.
Не смеете да живеете во минатото
Постојат луѓе кои сметаат дека вреди да се прости и да се даде втора шанса. Девиците не мислат така. Тие можат да ја затворат вратата и никогаш да не се свртат назад. Не живеат во минатото, тие се свесни дека има луѓе кои се таму со причина.
Тркалото врти напред, а не назад, е нивното животно мото. Кај нив нема носталгија за минатото, тие живеат во сегашен момент и ја планираат својата иднина.
Продолжува на страна 2



















