Банана за појадок | Добра или лоша за здравјето?

588

За оние кои одличиле да внимаваат на тежината или едноставно сакаат лесен и здрав појадок, бананата често е логичен избор.

Сепак, експертите не се согласуваат, тврдејќи дека бананите може да ја саботираат вашата исхрана и само да го попречат губењето на тежината. Иако се богати со калиум, магнезиум и влакна, бананите сепак не се вистинскиот избор за појадок.

„Колку и да се здрави, треба да го имате на ум фактот дека бананите содржат голем процент на шеќер. Проблемот не е во калориите од бананите, туку како делува таа намирница. Откако ќе ја изедеме, доаѓа до нагло покачување на нивото на шеќер и енергија, но набрзо и нагло опаѓање“, објаснува нутриционистот д-р Дерил Џофре.

Поради ова, постои зголемено чувство на глад, па луѓето кои јадат банани наутро внесуваат повеќе калории подоцна во текот на денот. И, како тоа само по себе да не е доволно, бананите не се идеален сојузник за добро варење.

„Кога се консумира шеќер во која било форма, се јавува процес на ферментација, како кај пивото или виното. Потоа шеќерот се претвора во алкохол, односно киселина, која го блокира варењето и доведува до запек“, вели д-р Џофре.

Поради тоа житариците се подобар избор за појадок, па дури и сендвич, додека бананата е најздрава доколку се консумира како ужина.

Кој не треба да јаде банани секој ден?

Луѓето со срцеви проблеми, како и оние кои користат бета блокатори, не треба да претеруваат со консумирање банани, бидејќи не им се препорачува прекумерно внесување на калиум. Истото важи и за луѓето со проблеми со бубрезите.

Исто така, се верува дека јадењето банани може да предизвика напад на мигрена кај луѓето склони кон мигрена, па доколку спаѓате во некоја од споменатите категории и сте голем љубител на ова овошје, држете се до половина банана дневно. Повеќе од тоа, може само да ви наштети.

Има и луѓе кои се алергични на банани, па доколку забележите симптоми како што се чешање, оток или отежнато дишење по нивното консумирање, треба да престанете да ги консумирате.

Забелешка: Преземањето на оваа содржина е дозволено само ако го наведете изворот со задолжително линкување на нашиот домен и оригиналната статија!

Доколку сакате да прочитате повеќе содржини како оваа, препорачуваме да го посетите нашиот портал www.kukuriku.com.mk, а со лајк на нашата фан страна станувате дел нашето многубројно членство facebook.com/Kukuriku.mk/.