И од Девиците можете да научите нешто

1128

Секоја грешка е лекција

Немаат време за жалење и самообвинување. Откако направиле грешка, тие продолжуваат напред со гордо кренати глави и учат од својата погрешна одлука. Девиците веруваат дека секогаш ги носат правилните одлуки. Претставниците на овој хороскопски знак се сигурни во себе. Тие ќе ве научат да застанете гордо со крената глава по секој пораз.

Не смеете да давате отчет за своите постапки

Девиците живеат по свои правила и никогаш на никого не положуваат сметка. Ако некаде не се вклопуваат уште во почетокот, не се ни трудат да се допаднат, ниту пак ќе се правдаат зошто постапиле по свое.

Не треба да очекувате ништо од никого

Девиците се потпираат само на себе. Тие се свесни дека никој не им должи ништо, ниту пак тие на кој и да е друг. Способни се да се грижат за себе и не сакаат ничија помош. Тие ќе ве научат дека никој не е обврзан да го стори тоа за вас. Ова ќе ви помогне да престанете да бидете фрустрирани кога некој не успева да ги исполни вашите очекувања.

Нема невозможни работи

Девиците веруваат дека сè е можно. Тие ги остваруваат своите соништа со многу истрајност и трпеливост и веруваат во себе. Можат да ве научат дека невозможни соништа не постојат, туку само онакви кои немало услови да бидат исполнети.