Мерката е наменета за исполнување на европските климатски цели, особено постигнувањето на јаглеродна неутралност до 2050 година.
Европската унија планира да ја прекине продажбата на автомобили со класични мотори до 2035 година, објави во средата ЕУ.
Тој предлог беше поднесен во јули минатата година, а зелено светло за негово прифаќање дадоа европските министри за заштита на животната средина на завчерашната средба во Луксембург.
Неговото прифаќање во Европскиот парламент би значело де факто запирање на продажбата на возила на бензин и дизел и целосна транзиција кон електрични автомобили во ЕУ од 2035 година.
Мерката е наменета за исполнување на европските климатски цели, особено постигнувањето на јаглеродна неутралност до 2050 година.
На барање на земји, вклучително и Германија и Италија, ЕУ исто така се согласи да ја разгледа можноста за дозволување употреба на алтернативни технологии како што се синтетички горива или приклучни хибриди, доколку тие не испуштаат стакленички гасови.
Министрите за животна средина, исто така, одобрија петгодишно продолжување на ослободувањето од обврската за намалување на јаглерод диоксидот доделено на таканаречените производители „нишни“ или оние кои произведуваат помалку од 10.000 возила годишно, до крајот на 2035 година.
Клаузулата, понекогаш наречена амандманот на Ферари, особено ќе им користи на луксузните брендови.
Ова е голем предизвик за нашата автомобилска индустрија, призна француската министерка за еколошка транзиција, Agnes Pannier-Runacher.
Но, таа рече дека тоа е „неопходност“ наспроти конкуренцијата од Кина и САД, кои инвестираат многу во електрични возила, кои се сметаат за иднината на автомобилската индустрија.



















