Маскa за вагина | Нега или нов опасен тренд по кој полудеа жените низ светот?

189

Маските за вагина се нов тренд меѓу жените и се многу популарни, бидејќи ја негуваат кожата во тој дел, кој општо е склон ко иритации.

Кога користите козметички производ наменет за интимната зона, потребно е тој да биде со совршено избалансирана ПХ-вредност и да се користи само ако тоа е неопходно. Затоа и идејата за секојдневна нега на интимата со маска за вагина не е идеална.

Запомнете дека вагината се прочистува самата преку секретот, а на вас е да избегнувате парфимирани производи, маски, влошки или какви и да се други методи кои се наменети за нега на кожата.

Постојат многу сапуни, лосиони и други производи наменети за нега, особено за по депилација. Но, секогаш имајте на ум дека е доволно да измиете со ПХ-неутрален сапун и да исплакнете со вода. На вагината не ѝ е потребна никаква дополнителна нега, за да не се доведете до ризик од инфекции и алергии.