Кои се најдобрите љубовни и сексуални партнери за Водолијата

2679

Водолијата начелно најдобро се согласува со воздушните и со огнените знаци Овнот и Стрелецот. Некои астролози меѓу фаворизираните партнери го вклучуваат Лавот, водејќи се по принципот “спротивностите се привлекуваат”.

Исто така, постојат и исклучоци од ова правило, бидејќи влијанијата на другите планети можат, во поволен или неповолен поглед, да преовладаат над односите на сончевите знаци.

Најпосакувани партнери на Водолијата се Близнаците, Вагите и други Водолии, бидејќи тие се дружељубиви, спонтани, мобилни и желни за чести нови искуства. Бидејќи никој од нив не трпи монотонија, тие ќе сторат сé во нивната врска да вклучат елементи на игра и експериментирање, со што ќе спречат појава на замор. Ако се скараат или ако изгубат интерес еден за друг, брзо ќе се дочекаат на нозе и ќе побараат ново решение.

Односите на огнените знаци со Водолијата, исто така, ветуваат бидејќи, овој, на партнерот му остава доволно слобода и простор за живот надвор од врската. Ако, од друга страна е Стрелец, давањето слобода по правило ќе биде взаемно, додека со Овнот и Лавот би можело да има проблеми, бидејќи тие сакаат да го контролираат партнерот колку и да е попустлив кон нив. Несогласувањата помеѓу Водолијата и огнените знаци можат да бидат бурни, но не траат долго. Или брзо ќе се смират, или ќе се разделат.

И “непријателите” можат да се согласуваат!

Помалку е познато дека припадниците на оние знаци кои во принцип не се согласуваат, можат да бидат добри партнери. Ако сте родени во првите неколку дена во знакот на Водолија, имате шанси за добар однос со оние што се родени на крајот на Бикот, Девицата, Шкорпијата и Рибите, а Водолиите родени на самиот крај на својот знак би можеле да се зближат со оние што се родени на почетокот на Бикот, Девицата, Шкорпијата и Рибите.

Имено, во такви случаи, натална на Сонцето на Водолијата и на споменатите партнери е во добар меѓуоднос (тригон или секстил), кој ги поништува спротивностите во темпераментите кои се типични за тие хороскопски знаци. На пример, кој е роден на 17-ти февруари има водено Сонце во позитивен аспект на тригонот со лице родено на 20 мај, иако припаѓа на сончевиот знак Бик.

Затоа, за оптимална врска, не е доволно да се процени компатибилноста исклучиво врз основа на знаците, туку и прецизните положби на Сонцето. Уште покорисно е да се создаде заеднички хороскоп од кој ќе се видат меѓусебните односи на сите планети и позициите на планетите по куќите.