Седум делови од телото кои повеќе не ни требаат | Или можеби ни требаат?

156

На човекот му биле потребни шест милиони години да од неговите најрани предци еволуирал во она што е денес.

Иако можеби сте помислиле на слепото црево – но не е на списокот со оние седум делови од телото што повеќе не ги користиме затоа што игра улога во имунолошкиот систем. Служи како складиште за добри бактерии кои таму чекаат повторно да ги населат цревата погодени од болест, а некои студии исто така покажуваат дека можат да помогнат во производство на бели крвни клетки.

Списокот што деновиве го објави британски Independent се состои од претежно навистина застарени телесни системи кои ја изгубиле својата примарна функција, но некои од нив сепак играат мала, но вредна улога.

1. Тртична коска (опашка)

На луѓето повеќе не им требаат опашки. Совршено балансираме на своите нозе и без нив. Сепак, повеќето цицачи имаат опашка во одреден момент од нивниот живот, иако некои ја губат до раѓањето. Помеѓу петтата и осмата недела од бременоста, се чини дека човечкиот ембрион развива опашка во матката на мајката. Сепак, до моментот кога ќе се роди, таа опашка се повлекува во ‘рбетот.

Сепак …
Остатокот од поранешната опашка не е баш бескорисен. Крајот на ‘рбетот всушност поврзува разни мускули, лигаменти и тетиви и обезбедува поддршка на околното ткиво и органи. Исто така е важна и за поддршка на луѓето кои седат, особено кога се виткаат наназад.

Продолжува на страна 2